Првиот снег во Скопје годинава доаѓа многу порано од вообичаеното

Првите врнежи од снег во Скопје оваа година може да дојдат многу порано од што е вообичаено. Иако не се баш прецизни, сепак долгорочните прогнози велат дека тоа би можело да се случи уште во првата половина од идниот месец.
Иако дневните температури ќе бидат меѓу 8 и 10 степени сепак, во текот на ноќта и во раните утрински часови ќе има услови да провее снег, бидејќи се очекуваат неколку степени под нулата. Сепак, тоа нема да бидат некои врнежи кои ќе овозможат снежна покривка. Прв пат тоа да се случи ќе се создадат услови дури на половина од декември иако и тогаш не се очекуваат услови за формирање на снежна покривка.
Според сегашните предвидувања, доцната есен и раната зима ќе имаат блага клима која нема да донесе многу снежни врнежи ниту пак некои многу ниски температури.

 

04.10.2021 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега