Први снимки од експлодираната гума и принудното слетување на на бугарскиот авион во Израел(видео)

Тешко оштетениот авион „Боинг 737“ на бугарскиот превозник „Електра аир“ во кој се наоѓаа 152 патници безбедно се спушти на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

На аеродромот кој бил во состојба на најголема подготвеност се наоѓале преку стотина коли на брза помош, како и пожарникари, полиција и сите останати служби.

Авионот „боинг 737-400“ тргнал од Келн за Тел Авив.

Набрзо по полетувањето му експлодирала задната лева гума на авионот, а со оглед на тоа дека немало никакви други проблеми пилотите решиле да го продолжат патот до Израел.

При влезот во израелскиот воздушен простор ги дочекале два воени авиони Ф 16. Авионот го испуштил горивото за да биде што полесен при слетување, но и да има помала можност да се запали.

Во 16.25 часот по локално време пилотот успеал да го намали притисокот на гумите така што кочел со моторот при принудното слетување и безбедно го спуштил авионот, за среќа нема повредени челанои на екипажот, ниту пак патници.

 

 

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2019 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега