Први резултати од истрагата, Иран потврди: Две ракети биле испукани кон украинскиот авион

Две ракети се испукани кон украинскиот авион соборен на 8. јануари, се првите резултати од истрагата на Иранското цивилно воздухопловство.

„Истражувачите пристапија кон информациите...и торкија дека две ракети М1-ТОР се испукани кон авионот од север“, се наведува во извештајот кон синоќа беше објавен на сајтот на Организацијата на цивилно воздухопловство.

Во текстот се наведува дека продолжува истрагата за тоа како проектилите можеле да влијаат врз несреќата и дека е во тек анализа на цела акција.

Со ова се потврдуваат информациите на Њујорк Тајмс дека две ракети биле испукани во правец на авионот.

Командантот на воздухопловните сили на иранските Чувари на револуцијата на 11. јануари преземал одговорност за рушење на украинскиот авион кај Техеран, објаснувајќи дека војник по грешка мислел дека боингот 737 е крстаречка ракета.

Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега