„Први ќе ја добијат здравствените работници“: Русите успеаја! Вакцината против Ковид-19 пристигнува за помалку од две седмици?

Русија планира да биде првата земја во светот која што ќе ја одобри вакцината против коронавирусот за помалку од две седмици.

Руските власти за „Си-ен-ен“ изјавиле дека работат на вакцината која што ја развил московскиот институт Гамалеј, а истата ќе биде одобрена до 10-ти август или претходно.

Таа ќе биде одобрена и за јавна употреба, а први ќе ја добијат здравствените работници.

„Тоа е момент Спутник“ - изјавил Кирил Дмитриев, шефот на рускиот фонд за суверено богатство, кој што ја финансира руската истражувачка вакцина, мислејќи на успешното лансирање на првиот сателит на светот од страна на Советскиот Сојуз во 1957-та година.

„Американците беа изненадени кога го слушнаа звукот на Спутник. Исто е и со вакцината. Русија ќе ја има прва“ - додал тој.

Американските медиуми, чија што држава се обидува да профитира исто така купила залихи од лекот Ремдесивир кој што е прогласен за ''единствено валиден'', тврдат дека Русија не направила никакви научни податоци за тестирањето на вакцината.

„Си-ен-ен не е во можност да ги потврди нивните информации за сигурноста и ефикасноста на вакцината“ - се наведува.

Критичарите наведуваат дека постои притисок за развивање на вакцината како политичкото влијание на Кремљ, кој што сака да ја претстави Русија како глобална научна сила.

Исто така постои и голема загриженост дека тестирањето на вакцината на луѓето е нецелосно.

Додека некои од глобалните вакцини се во третата фаза од испитувањата, руската вакцина треба да ја заврши втората фаза.

Истражувачите планираат фазата да ја завршат до 3-ти август, а потоа да ја спроведат и третата фаза од испитувањето со вакцинирање на медицинските работници.

Руските научници велат дека вакцината брзо се развива затоа што е модифицирана верзија од онаа која што веќе постои за борба против други болести.

Таков пристап постои и во многу други земји и други компании.

Во снимените коментари доставени до Си-ен-ен, Александар Гинсбург, директор на проектот изјавил дека самиот тој се вакцинирал:

„Русија ја покажа својата лидерска позиција во развојот на вакцината и својата докажана платформа за вакцина против ебола и МЕРС, за да го донесе своето прво сигурно и ефикасно решение за најголемиот проблем во светот“ - изјавил Дмитриев за Си-ен-ен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега