Првата жена која отпатува во Вселената оди на Марс

Валентина Терешкова која стана првата жена која отпатува во Вселената на само 26-годишна возраст сега ќе отпатува и на Црвената планета.

Имено, Русинката објави дека е спремна уште еднаш да направи подвиг и да отпатува овојпат на Марс.

- Марс е мојата омилена планета, изјави 76-годишната жена на прес-конференцијата во Ѕвездениот град, надвор од Москва, место каде се наоѓа центарот за обука на космонаути.

- Ги знаеме, меѓутоа, човечките граници и за нас тоа е и понатаму сон. Веројатно првиот лет ќе биде во еден правец, но подготвена сум, рече таа.

Таа стана национална хероина кога на 26 години во 1962 година беше првата жена која отиде во Вселената.

најчитано сега