Првата пресуда за Груевски на 23. Мај

 

Првата пресуда за експремиерот Никола Груевски, за случајот на СЈО „Тенк“ ќе биде изречена на 23 мај во 12.30 часот. Денеска беа изнесени завршните зборови во судница.

- „Овие процеси против мене се класични политички процеси и ова е политичка тортура. Судството е заробено од политичката партија СДСМ и под надворешен притисок се прифатија невалидни разговори стекнати на нелегален начин. Но, заробеноста на судството нема да трае долго, рече обвинетиот експремиер Никола Груевски во завршен збор како одбрана во случајот „Тенк”, пренесе Сакамдакажам.

- „Јас сум обвинет за сакање, сум сакал да се возам во скап блиндиран мерцедес. Генерации ќе се чудат за ова. Не сум вршел влијанија да се купи мерцедес С 600-гард, не сум барал од никого да поттикнува некого да спроведе нелегална набавка, не сум барал да се возам во блиндиран мерцедес, не сум барал ‘Макаутостар’ да биде фаворизиран, да не се јават други конкуренти…”, рече тој.

 

 

 

17.05.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега