Прва жртва на силниот земјотрес на Филипините - се сруши ѕид врз 6-годишно девојче

Шестгодишно девојче загинало откако врз него се срушил ѕид за време на силниот земјотрес кој денеска ги погодил Филипините, соопштил градоначалникот на градот Матаноа на југот од земјата.

Во земјотресот се срушила една транспортна зграда, а луѓето во паника истрчале од придавниците, куќите, зградите.

Во срушената зграда имало и една продавница, па спасувачите сега проверуваат дали таму има жртви или заробени во рушевините.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизомологија соопштил дека потресот со магнитуда од 6,9 степени според Рихтерова скала го погодило подрачјето околу 6 километри северозападно од градот Падада, на длабочина од 30 километри во привинцијата Давао дел Сур.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега