Прва жртва на невремето во регионов: Човек се удавил заробен во лифт

 

Шеесет и седум годишниот Ж.М. од Пожаревац се удавил во поплавена подземна гаража во својата зграда, кога невреме го погодило тој град.

Според зборовите на станарите, сопственикот на станот кој живее на приземје се паркирал во автомобил во подземната гаража. Кога видел дека невремето се смирува наводно со лифотот се симнал доле, но во тој момент нивото на вода во подрумот било околу 2 метри. Во моментот кога лифтот се спуштил, дошло до прекин на електричната енергија, а ввратите не се отвориле.

Пожарникарите ја испумпале водата од гаражниот простор и подрумските простории и го пронашле безживотното тело на мажот, пренесува Курир.рс

Се претпоставува дека смртта настанала поради давење, но сѐ уште не е јасно каде во моментот на смртта се наоѓал несреќниот човек.

Според зборовите на станарите, во зградата се доселени сите станари пред една година. Соседите тврдат дека слушнале дека Ж.М. се симнал доле со лифт и останал заглавен поради снемување на електрична енергија.

Истрагата ќе покаже што точно се случило.

 

 

 

14.06.2018 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа