Прва жртва годинава: Едно лице почина од треската Западен Нил во Србија

 

Едно лице почина оваа недела од треската Западен Нил, а уште 28 лица се заболени во Србија, наведено е на сајтот на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Според наводите, станува збор за 84-годишен маж од Нови Сад.

Досега се регистрирани десет лица заболени од грозницата во Белград. Заболените имаат од 31 до 84 години.

Треската Западен Нил е вирусно заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Наведено е дека вирусот е присутен во комарците на територијата на Панчево, Белград, Зрењанин и Нови Сад.

Повеќето од заразените немаат никакви симптоми, а околу 20 проценти од нив има симптоми слични на грип, со нагла појава на телесна температура, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, замор, благ осип и слично.

 

 

 

19.07.2018 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа