Прва снимка од падот на белгискиот Ф-16 во Франција: Пилотот завршил на далноводот

Француската екипа за итна помош, спасуваа белгијски пилот на Ф-16 кој паднал на далековод утринава, откако се катапулктирал од авионот кој се срушил во Франција.

Ловецот ја напуштил воздушната база Флоренс во Белгија и се упатил кон француската приморска воздухопловна база Лориен-Лан Бих. И двајцата пилоти на авионот успеале да се спасат, потврдуваат француските власти. 

Авионот се урнал на оддалеченост од 160 метри од една куќа, која е евакуирана поради оштетен кров. Според изјавите на очевидците на местото на настанот, биле соборени и неколку дрвја. Авионот не носел оружје.

Електричари им помогнале на екипите за итни случаи во спасувањето на еден од пилотите, кој со падобранот се закачил на далновод под напон од 250.000 волти. Спасувањето траело два часа, велат француските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега