Прва смрт од коронавирус во владата на Србија: Почина државниот секретар Бранислав Блажиќ

Државниот секретар во Министерството за заштита на животната средина Бранислав Блажиќ почина денеска претпладне од коронавирус, потврди за Курир.рс министерот за заштита на животната средина Горан Триван.

„Бранислав почина денеска претпладне во Белград. Изразувам сочувство до семејството и пријателите. Во солзи сум. Беше прекрасен човек. Цел живот посвети да ја заштити животната средина. Министерството и Владата ќе се погрижат за неговото 12-годишно дете и семејството“, рекол Триван и додал:

„Не сум во состојба да давам опширни изјави, затоа што Бане и јас долго се знаеме, не бевме соработници туку пријатели. Тешко ми е да зборувам. Неговата смрт покажува колку е ова страшно и колку треба да бидеме сите сериозни и сериозно да го сфатиме овој вирус“.

Блажиќ пред пет дена бил приклучен на респиратор на инфективната клиника во Белград,

За жал, ја изгубил битката за живот,

Роден е во Кикинда во 1957 година, но со години живеел и работел во Белград. За себе оставил 3 деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега