Прва официјална средба на Заев и Пендаровски - Се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата, Зоран Заев.

На средбата, премиерот Заев упати честитки за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа на претседателот Пендаровски.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.

Претседателот и Премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република  Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега