Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна
иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и
поголема поддршка за семејствата.
Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и мкоалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација.
Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој
предлог.
Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти
што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето
подобра иднина остануваат наш приоритет, информираат од Општина Аеродром.


