Прв случај на позитивен на коронавирус во Пробиштип

Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информираше денеска градоначалникот на Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

– Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро, вели Анастасов.

Тој додаде дека општината ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки и оти на денешната седница на Советот е донесена одлука за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување со зголемување на средствата, така што општината е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за заштита на населението.

– Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани, согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од патувања во други градови, а на оние наши граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период што ни следи, бидејќи водиме битка со многу лош и непредвидлив вирус, кој секојдневно кажува дека нема правила, вели Анатасов.

Во изминатиот период во општина Пробиштип контиунирано се врши дезинфекција, затворен е Градскиот пазар, игралиштата, а на вработените во сите институции им се дадени заштитни маски. Обезбедени се и прехранбени пакети на семејствата од социјален ризики. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега