УЈП информира дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година. Исплатата се врши етапно, согласно обработката на налозите.

– Кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари. Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира се додека податоците не се коригираат.  Кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па средствата ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал, велат од УЈП.

Доколку се уште немате добиено средства од претходни или тековни исплати, проверете ги податоците за вашата трансакциска сметка во апликацијата МојДДВ. Со точни податоци, исплатата ќе може непречено да се реализира.

Exit mobile version