Проверете си ги сметките: Почна исплатата на платите на здравствените работници, на боледувањата и породилните отсуства

По хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување од вчера повторно се ставени во функција услугите што ги дава оваа институција. Почната е исплатата на платите на здравствените работници, а од денеска треба да почне и исплатата на боледувањата и породилното отсуство. Исплатата на платата на здравствените работници, како што информираа вчера од Фондот, ќе се врши етапно и се очекува да заврши за 48 часа.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, се очекува да заврши и исплатата на боледувањата и на породилните отсуства. - Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година.


 

Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти вчера ФЗО, најавувајќи дека е во тек и враќањето во функција на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги. Од Фондот тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад што се случи пред речиси две недели со што беа оневозможени услугите што ги дава оваа институција што покрена низа реакции во јавноста.

Исплата на јануарската плата побараа од Синдикатот на Клинички центар и од ГОБ „8 Септември“, а Независниот синдикат на државна администрација вчера најави кривична пријава за лицата кои го довеле Фондот во ваква ситуација. - Како синдикат бараме да почне да има лична одговорност за лицата кои се на позиција да организираат и спроведуваат правила и закони. Во таа насока, правниот тим на Синдикатот, ќе поднесе кривична пријава в петок. Мора некој да понесе одговорност, изјави претседателот на Синдикатот, Горан Ристески.

Со оглед на фактот дека повеќе денови доцни платата на здравствените работници, Независниот синдикат на државна администрација, денеска на прес-конференција информираше дека е формирана правн Поради доцнење на платата вчера протест одржаа здравствените работници од ГОБ „8 Септември“.

- Денеска имаше протест на здравствените работници и во Геријатрија. Се надевам дека Владата ќе ја сфати сериозно работата, за тоа за што се платени, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации.

На надминување на проблемот со хакерскиот напад работеа домашни и странски експерти. Проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него деноноќно работат домашни и експерти од земјите - членки на НАТО, нагласува премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА ги оцени ваквите хакерски напади како дел од хибридната војна што се води како нов начин на војување со цел да се направи блокада на виталните институции во државата и да се создаде паника кај населението.

- Апсолутно се поврзани со војната што се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеја. Второ, хибридната војна што се води и којашто вклучува сајбер напади, хакерски напади, дезинформации практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели - прво, да направи блокада на клучните витални системи во државите кои се членки на НАТО и на ЕУ, кои се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужуваат голем број на граѓани и трето, да направат еден систем на дезинформации што на крајот од денот оди во корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО, посочи Ковачевски во интервјуто за МИА дадено по Минхенската безбедносна конференција.

21.02.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега