Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година.

Од Министерството појаснуваат дека исплатата на образовниот додаток се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година.

Исплатата за првиот мерен период се врши во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во месец мај во тековната календарска година, додека исплатата за четвртиот мерен период се реализира во текот на месец јули во тековната календарска година.

Exit mobile version