Провалил во домот на Џони Деп, но наместо грабеж тој се туширал и пиел пијалок од мини барот

Импресивниот замок на Џони Деп во Холивуд Хилс, вреден 19 милиони долари, вторпат во изминативе два месеци претрпе упад откако во четвртокот бездомник провалил во имотот.

Шоубиз медиуми објавија дека полиција била испратена во куќата на sвездата на „Пиратите од Карибите“, каде што осомничениот се истуширал во една од 10-те бањи и си наточил пијалок во домашниот мини бар.

Се подрзбира дека Деп (57) не бил дома за време на провалата, а член на неговиот персонал повикал полиција. Натрапникот бил приведен и осомничен за кривично дело вандализам бидејќи ја оштетил влезната врата.

Во јануари, една жена влезе во големата резиденција, но веднаш избега откако се активира безбедносниот аларм.

Актерот ја купи куќата која наликува на замок од ерата на 20-тите години на минатиот век уште во 1995 година.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега