Протест на болничарите од Косово: Одговорете ни до 16 часот, зашто од 17 сме на курс по германски

Болничарите и помошниот медицински персонал во Косово излезе на протест пред Министерството за здравство на Косово и бараше да им се исплатат заостанатите три месечни плати.

Тие го покажаа револтот поради односот на властите кон нив, па болничарите и помошниот персонал порачаа дека ќе си заминат од Косово.

„Господине министре, одговорете ни до 16 часот, зашто во 17 имаме курс по германски јазик“, пишуваше на еден од транспарентите што го носеа на протестот.

25.05.2022 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега