Протекоа првите снимки: Јужнокорејски воени авиони пукале на руски воен авион (ВИДЕО)

Агенцијата Џонхаб ги објави првите снимки од летот на јужнокорејскиот авион над јапонското море каде се сретнал со руски бомбардер Т-95МС.

Вооружени сили на Јужна Кореја претходно соопштиле дека руските воени авиои го нарушиле воздушниот просор на земјата на Јапоското море, а за да го пресретнат рускиот авион биле подигнати јужнокорејски ловциФ-16 кои наводно пукале во знак на предупредување.

„По предупредувачките истрели авионот го напушти воздушниот простор на Јужна Кореја, но подоцна се врати и повторно го повреди“, изјавија од Министерството. „Рускиот авион во ниту еден случај не возвратил. Вкупно се испукани 360 куршуми“.

Трите руски авиони влегле во јужнокорејската одбранбена идентификациона зона со три кинески воени авиони, не е познато дали тоа го сториле намерно.

Инцидентот се случи во подрачје на островот Токто кој се наоѓа источно од јужниот дел на Корејскиот полуостров и претставува предмет на спор меѓу Сеул и Токио.

По овој повод се огласи и Русија со соопштение дека нивните бомбардери Tu-95S не го нарушиле воздушниот простор на други држави во текот на летот над Јапонското Море.

„Немаше никакво предупредувачко пукање. Ако руските пилоти почувствуваа закана кон нивната безбедност ќе следеше одговор“, нагласуваат од Министерството за одбрана.

Следна беше реакцијата на Јапонија од каде е соопштено дека и тие ги активирале нивните борбени авиони бидејќи инцидентот се случил над Јапонското Море. Јапонската влада предаде протесни ноти на Русија и на Јужна Кореја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега