Просечната нето плата во мај порасна за 700 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 25 270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37 520 денари.

Истиот период лани била 24.509 денари, што е зголемување за 700 денари споредено со месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега