Просечната нето плата во јуни пораснала за 1.000 денари

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Ваквото зголемување, според Државниот завод за статистика, се должи, пред сѐ, на порастот на платите во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (11.7 %), Транспорт и складирање (10.3 %) и Градежништво (5.4 %).

Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37 440 денари.

Во јуни 2018 години просечната нето плата била 24 203 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега