Пронајдено телото на 16-годишникот кој се удави во Преспанското Езеро

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска било пронајдено телото на 16-годишното момче кое на празникот Илинден се удави во водите на Преспанското Езеро.

-Денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен .По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција - информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега