Пронајдено телото на 15-месечно дете кое загинало во Ламанш минатата година

Илјадници иранско-курдски бегалци ги ставаат животите на своите семејства во рацете на шверцерите и секоја година одат во Европа во потрага по подобар живот.

Полицијата во Норвешка соопштила дека лешот на бебето пронајдено на брегот му припаѓа на 15-месечното дете кое починало во Ламанш минатата година.

Детето по име Артин починало заедно со уште четири членови на семејството кога бродот со кој патувале потонал во октомври. Курдско-иранското семејство се обидувало илегално со брод од Франција да дојде до Велика Британија.

Роднините на трагично настраданото семејство неодамна зборувале дека се многу тажни поради се што се случило, но и дека со нетрпение очекуваат вести за малиот Артин, а сега остатоците на детето биле префрлени назад во Ирак за неговите роднини да го погребаат покрај родителите и браќата и сестрите.

Норвешката полиција соопштила дека телото на детето е пронајдено на југозападниот брег во близина на Кармоија. Тогаш била извршена ДНК анализа, а семејството на детето добило известување дека станува збор за Артин, пренесува "BBC".

"Експертите од одделението за форензика при Универзитетската болница во Осло успеале да пронајдат соодветни ДНК профили и да го потврдат идентитетот на детето", се наведува во полициското соопштени.

Чамецот кој го пренесувал семејството потонал на 27-ми октомври. Семејството било од градот Сардашт кој се наоѓа во близина на границата со Ирак. 15 други мигранти биле префрлени во болница, а францускиот јавен обвинител отворил истрага за потонувањето во Данкирк.

Илјадници иранско-курдски бегалци ги ставаат животите на своите семејства во рацете на шверцерите и секоја година одат во Европа во потрага за подобар живот.

Курдскиот народ во Иран се соочува и со политички прогони и со големи проблеми на економска нееднаквост меѓу најбогатите и најсиромашните.

Меѓу 25 и 35 милиони Курди го населуваат планинскиот регион на границите на Турција, Ирак, Сирија, Иран и Ерменија. Тие се четврта по големина етничка група на Блискиот Исток, но никогаш не добиле своја национална држава.

07.06.2021 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа