Пронајдено е мртво руско семејство во Панчево: Маж ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил

Во населбата Котеж во Панчево, 50- годишен маж ги убил сопругата и своето деветгодишно дете, а потоа се самоубил.

Постои сомнение дека  таткото (51) со остар предмет, најверојатно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руско семејство.

– Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле во станот, наведе извор запознаен со истрагата, објавуваат српските медиуми.

Станодавецот за медиумите се изјасна дека по професија биле доктори и дека сопругата неодамна се пожалила дека нејзиниот сопруг е во депресија, но дека никогаш не правеле проблеми и дека биле нормално семејство.

Од Обвинителството соопштија дека е направена анализа на телесното ткиво за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи, а се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите можни околности на настанот.

06.06.2023 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа