Пронајдено девојчето кое исчезна по убиството на нејзините родители - после три месеци потрага, се појави

Тринаесетгодишната Џејми Клос е пронајдена на улица Гордон во американската сојузна држава Висконскин, бидејќи пред три месеци без трага исчезна во ноќта кога нејзините родители, Џејмс и Денис Клос, беа застрелани во семејната куќа во соседен Барон.

Неименувана учителка од Гордон вчера го шетала своето куче кога ѝ пришло слабо и нешелано девојче со преголеми чевли и ја замолила да ѝ помогне.

-Јас сум Џејми Клос. Ве молам викнете полиција - преколнувало девојчето.

Избезумената жена ја препознала и штом видела дека цела Америка ја бара 3 месеци, ја фатила за рака, истрчале до најблиската куќа и повикале полиција.

Вознемиреното дете одбило храна и вода, но затоа го прегрнала семејното куче.

Десет минути подоцна уапсен бил маж осомничен за нејзино киднапирање. Властите молчат, но можно е тој да ги убил Клосови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега