Пронајдени тела на двајца рибари во чамец во Хрватска

Тела на двајца риболовци се пронајдени во чамец на Дунав на 20 километри од Осјек.

Хрватскиот портал Индекс пренесува, повикувајќи се на неофицијални информации од полицијата, дека најверојатно се отруле од јаглен-моноксид бидејќи ја затвориле кабината на чамецот за да се згреат.

Потврдено е дека станува збор за хрватски државјани, но засега нема повеќе информации за идентитетот на лицата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега