Пронајдени остатоци од германски брод: Им нанеле огромен пораз на Британците во Големата војна

Во близина на Фолкландските острови пронајдени се остатоци од германски брод од Првата светска војна.

"СМС Шарнхорст" бил главен брод на источноазиската флота на германскиот вицеадмирал Максимилијан Граф фон Шпе. 

Потопен е пред 105 години, на 8-ми декември 1914-та година. На бродот тогаш се наоѓале повеќе од 800 луѓе, вклучувајќи го и самиот Фон Шпе.

Потрагата по бродот почнала пред пет години, на стогодишнината од Битката кај Фолкландските острови, но во почетокот не давала многу резултати.

Експертите во текот на оваа година наишле на значајни наоди, притоа користејќи подморница и четири автономни подводни возила. По некое време, го пронашле бродот на длабочина од 1.610 метри.

"СМС Шарнхорст" бил дел од источноазиската царска ескадрила на германската морнарица која до избивањето на Првата светска војна во 1914-та година во главно пловела по Тихиот океан. Играл клучна улога во битката кај Коронел, каде била поразена британската морнарица.

Тоа бил првиот значаен поморски пораз на Британија во Првата светска војна. Германците тогаш потопиле два од четири британски бродови. Загинале 1.600 британски морнари, а ниеден германски.

Британската ескадрила го возвратила ударот при Битката кај Фолкландските острови, го потопила "СМС Шарнхорст" и тргнала во потера по останатите германски бродови.

Во текот на битката, загинале и двајцата синови на вицеадмиралот Фон Шпе, Хајнрих, кој се наоѓал на бродот "СМС Гнеисенау" и Ото на бродот "СМС Лајпциг". Во битката загинале вкупно 2.200 морнари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега