Пронајдени остатоци од авионот на Сала

Семејстовто на Емилијано Сала стартуваше приватна потрага по исчезнатиот авион во кој се наоѓаа аргентиснкиот фудбалер и пилотот, но истовремено се уште трае и потрагата од страна на француската и англиската полиција, без разлика на тоа што истата се спроведува со намален интензитет.

Во ситуација кога најблиските на двајцата исчезнати исчекуваат било какви информации за леталото кое се изгуби од радарот над Каналските Острови, денеска пристигна соопштение од страна на британската воздухопловна агенција за летачки инциденти.

– Во понеделникот наутро, 28 јануари, добивме информација од страна на француското тело за контрола на безбедност дека е пронајден дел од седиште на плажа во близина на полуострово Котентин. Исто така, истиот ден во близина е пронајдено и второ перниче од седиште. Од прелиминарното испитување, заклучивме дека перничињата веројатно му припаѓаат на исчезнатиот авион, – се вели во објавата на ААИБ.

Ова се првите официјални пронајдоци од „Пајпер“ авионот кој се води за исчезнат од пред десет дена, со надеж дека потрагата ќе донесе уште посериозни траги кои ќе можат да ја разрешат мистеријата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега