Пронајдени бомби и рамки за автоматски пушки кај стариот пат кон кумановско Лопате

Во полиција вчера во 16.45 часот било пријавено дека на стариот пат кон кумановското село Лопате, биле пронајдени пет бомби-кашикари и две рамки за автоматска пушка, завиткани во најлонска кеса, кои најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година.

Од МВР денеска информираа дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега