Пронајден мртов пилотот на американскиот авион што се урна во близина на британскиот брег

Пилотот на американскиот воен авион што утрово се урна во Северното Море во близина на британскиот брег, е пронајден мртов, соопшти американската армија.

-Пилотот на соборениот F15C Eagle на 48-та ескадрила е лоциран и потврдено е дека е мртов, се вели во соопштението.

Тие додаваат дека тоа е „трагична загуба” за 48-та ескадрила и упатија сочувство до семејството на пилотот.

Засега не се познати причините за уривањето на авионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега