Пронајден е биолошки материјал и остатоци од бугарскиот авион што се урна во Црното Море

Во тек е анализата на остатоците пронајдени при потрагата по бугарското борбено летало „миг-29“, кое во средата се сруши во Црното Море.

Остатоците од авионот, наводно, биле лоцирани на длабочина од 70 метри.

По повеќе од 30 часа потрага, бугарската авијација и морнарица пронашла „биолошки материјал“ што биле испратен на детална анализа со цел да се потврди дека станува збор за пилотот Валентин Терзиев.

„Потрагата по црната кутија продолжува“, рече бугарскиот адмирал Емил Ефтимов, објавувајќи ги резултатите од потрагата за „миг-29“ што се сруши за време на воена вежба над Црното Море.

Според бугарски извори, „миг-29“ исчезнал од екраните на радарите за време на ноќна вежба за стрелање, односно напад на цел закачена на падобран.

Бугарските медиуми наведуваат дека овој вид пукање е „тежок маневар“, бидејќи постои можност пилотот да ја изгуби својата ориентација.

Вежбата беше прекината веднаш откако бугарскиот авион исчезна од радарот.

Макфакс

10.06.2021 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа