Пронајден човечки труп на планината Плачковица

Во Полициската станица Радовиш вчера во 14.50 часот пристигнала пријава пронајден човечки труп.

„З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп“, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција.

25.11.2022 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега