Променила само една навика и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата.

„Како некој што многу сака масна и тешка храна, ми беше тешко да се навикнам на новиот режим на исхрана, но денес со 20 килограми помалку, се чувствувам подобро од кога било претходно. Дефинитивно вредеше.“

Таа сите заслуги за витата линија што сега ја има му ги припишува на личниот тренер Марни Алтон.

„Ми помогна. Ме излечи. Ме охрабри да продолжам понатаму кога почувствував дека губам сила и волја. Кога променив само една навика и наместо да лежам и да гледам филмови, тоа време го користев за вежбање, килограмите почнаа да исчезнуваат“, искрено открила актерката.

Актерката ја редуцирала исхраната, но уверена е дека најголема трансформација доживеала благодарение на редовните тренинзи кои се состојат од три сегменти: кардиовежби, вежби за снага и истегнување. Овие три чекори се неопходни во текот на секој тренинг за да се согорат масните наслаги, да се обликуваат вретенести мускули и да се спречат воспаленија.

 

„Понекогаш тренингот изгледа вака: Пуштаме гласна музика и танцуваме. Танцот согорува голем број калории, а многу е забавно“, вели Дру.

Таа вежба 3 пати неделно по 40 минути. Иако тоа не и’ е омилениот дел од денот, признава дека по завршениот тренинг се чувствува многу подобро физички и психички.

Таа вели дека потребно е време за промената да биде видлива и советува дека секој што сака да ослаби, треба да се вооружи со трпение.

„Напредокот се случува во милиметри, а не во милји. Тоа го научив од мојата инструкторка и тоа ме мотивира да продолжам понатаму. Најдов рамнотежа и се чувствувам одлично. Ми требаа 45 години за да сфатам дека никој не може да биде совршен, но подобро некогаш отколку никогаш.“

Што се однесува до исхраната, не се придржува до ригорозни диети, но се обидува да јаде поздрава и полесна храна. Некогаш знаела да изеде хамбургер или пица, но денес ги заменила со месо и многу зеленчук.

Исто така, внесува многу течности во организмот и нагласува дека тоа е исклучително важно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега