Променет сообраќаен режим викендов во Скопје - по овие улици нема да се вози

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во периодот од 7:00 до 17:00 часот ќе биде воведен на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“, во организација на Автомобилистичка федерација.

-Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега