Пролетта кратко траеше - следува голем пресврт на времето

 

Доколку мислевте дека зимата конечно заврши, следниве информации можно е да ве разочараат. Метеоролозите најавуваат значително намалување на температурите и нов студен бран кон крајот на месецот. 

По прилично топлите денови до крајот на неделата кога се очекуваат и температури до 25 степени студена воздушна маса, ќе ја расипе забавата.
Уште од идниот вторник се најавуваат и првите негативни температури, а верувале или не, во ноќта кон четврток ќе се создадат и првите услови за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе достигнат само 8 степени, што значи не си ги пакувајте подебелите јакни и капути.
Сепак студеното време ќе се задржи само идната недела. Во последната од март се чека повторно зголемување на температурите, а она што е важно за земјоделците и крај на периодот во кој постои опасност од мразови.

Овој викенд нѐ чека дожд.

 

 

 

14.03.2018 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа