Американската актерка Ема Стоун е прогласена за најубава жена во светот, според нова студија која го користела античкиот грчки метод за пресметување на физичката совршеност, познат како Златен сооднос (Фи).

Овој метод, кој се користи за да се утврди физичката совршеност на една личност, ги мери должината и ширината на лицето, а потоа резултатите се делат. Колку е поблиску лицето до соодносот 1:1,618, толку се смета за „посовршено“.

Ема Стоун го освои првото место со вкупен резултат од 94,72 проценти.

Пластичниот хирург Џулијан Де Силва, кој ја спроведе студијата користејќи компјутеризирани техники за мапирање на лицето, ја објасни причината за високиот пласман на актерката.

„Ема Стоун беше јасен победник кога сите црти на лицето беа оценети за физичка совршеност. Таа доби највисок резултат за веѓите (94,2 проценти) и високи оценки во сите други категории. Таа има речиси совршена вилица со резултат од 97 проценти и убаво пропорционирани усни со 95,6 проценти. Таа излегува на врвот поради нејзината постојана извонредност во сите елементи на златниот сооднос“, рече Де Силва, според „Дејли Меил“.

Де Силва додаде дека новите техники за компјутерско мапирање им овозможуваат да „решат некои од мистериите за тоа што го прави некого физички убав“, што е корисно и при планирање операции за пациенти.

На листата на најубави жени, која беше составена според оваа математичка пресметка, исто така се најдоа: Зендаја, Фрида Пинто, Ванеса Кирби, Џена Ортега, Оливија Родриго, Марго Роби, Ајшварја Раи Бачан, Танг Веи и Бијонсе.

Exit mobile version