Професорка од САД спиела со 5 ученици - пронајдени и нејзини експлицитни фотографии

Триесетгодишната Фиона Виоти спиела со момчиња од училиштето Бишопс Дајосесан Колеџ во Кејптаун од 2013 до 2019 година, потврдила истрагата.. Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужноафриканската република имала сексуална афера со барем 5 ученици.
Секс скандалот го обелоденил еден 18 годишник, со тврдења дека бил во „интензивна врска“ со неа и дека почнала да врши притисок над него кога сакал да ? раскине.

„На почетокот прифаќал се, но станал жртва кога не можел да раскине. Професорката на почетокот му испратила пораки да се најдат кај неа дома, но дошол до тоа ниво кога му било доволно“, велат родителите на ученикот и додаваат дека не сакала да го остави на мира, па на крајот отишле кај директорот.
Фиона користела можност да заведе ученици и како тренер на ватерполо тимот, а изненадно во октомври дала отказ, неколку денови пред обвинението да се појави во јавност. Приватни истражувачи ангажирало училиштетот, а тие откриле дека таа целела кон полнолетни ученици, барем шест години пред и после свадбата со 32-годишниот инвеститор Пав Виотиј.
Пронајдени се и нејзините експлицитни фотографии кои кружеле во училиштето и на интернет, но не е откриено кому ги испраќала.
Нејзиниот адвокат вели дека таа оди на терапија кај психијатар, додека нејзиниот сопруг рекол дека после скандалот се разделиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега