Професор Попадиќ откри кога ќе се ослободиме од маските: Вакцината ќе не штити со години, ќе живееме понормално

Проф. д-р Душан Попадиќ од Медицинскиот факултет во Белград рекол дека вакцините ќе ни помогнат да се ослободиме од маските тогаш кога доволен број на луѓе ќе се вакцинираат, односно кога ќе има голем процнт на имуни на вирусот.

Зборувал за тоа колку е потребно луѓето да се вакцинираат за имунизацијата да биде успешна и како ќе живееме на лето и следната зима.

Професор Попадиќ рекол дека лицитира со некои броеви од 60, 70 и 80 отсто кога станува збор за колективен имунитет.

Меѓутоа, истакнал, дека кога тој учел епидемилиологија, со дури 95 отсто нечувствителни може да се прогласи успешна имунизација.

Додал дека кога ќе се имунизираме, се уште не сме имуни, туку е потребно одредено време да се развие имунолошки одговор до таа мера за да не штити.

Сите мерења досега покажале дека за тоа е потребен период од 6 недели, односно три недели после втората доза вакцини.

Запрашан како ќе живееме на лето, професорот рекол дека сигурно ќе живееме многу понормално и дека може да има зголемен број заразени следната зима, но тоа ќе зависи од нашето однесува и од тоа колкав број ќе бидат имунизирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега