Проектот „Трето дете“ истекува - од 2020 година ваков додаток ќе добиваат само социјално загрозените

Коалиционите партнери СДСМ и ДУИ донесоа одлука за социјалниот пакет „Трето дете“. Пратеникот Артан Груби објасни дека кој ќе добива, а кој не  ваков додаток.

„Во однос на третото дете, сите оние кои до крајот на годинава земаат додаток за трето дете, ќе продолжат да земат и во следните 10 години. Исто така, сите оние деца кои ќе се родат во текот на оваа година ќе земаат на ист начин како и досега, додека од следната година па натаму, додатокот за трето дете ќе земаат само најсиромашните категории на нашето општество, социјалните категории, односно семејството на детето кои земаат минимална плата“, изјави Груби.

Груби рече дека се надева наскоро, односно на следната седница ќе се усвои овој закон. Истото го кажа и премиерот Заев во врска со законите кои се очекува на 25 март да се најдат на собраниска седница.

Освен за “Трето дете“, владините партнери се договорија и за пензијата за лицата над 65 години кои немаат ниту еден ден работен стаж. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега