Продолжуваат натегањата меѓу власта и опозицијата околу пописот

 

Иако Законот за попис беше донесен во Собранието, се уште продолжуваат натегањата околу одржувањето на пописот во април годинава.

Опозицијата обвинува дека власта сака да направи политичка, наместо статистичка операција.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање рече дека најголемата опозициска партија е за одржување на попис кој ќе има вистина рефлексија за демографските состојби во државата.

-Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис  бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух. Овој попис е крајно е политизиран и е само еден  од заклучоците води кон тоа, е да статистичка а не политичка операција. Добро зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција? Значи очигледно имаме крајно политизирање на процесот. Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис. Кога ќе се искористат сите институционални механизми тогаш партијата треба да разговара за кои се следните чекори кои што треба да се преземат за да се спречи една ваква политичка, а не статистичка операција, рече Муцунски.

Тој го советуваше претседателот на државата, Стево Пендаровски да се консултира со вистински и објективни експерти за тоа дали да го потпишува Законот.

Од друга страна, власта обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ го крши Законот со повиците за бојкот на пописот.

-Најавата од ВМРО – ДПМНЕ за собирање потписи за поднесување закон за поништување на Законот за попис е крајно антидржавно однесување, изјави денеска пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Таа по барање на новинарите на денешната прес – конференција да ја коментира најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на законот за попис и на прашањето дали можеби очекува бојкот на опозицијата и опструкција за спроведувањето на пописниот процес, нагласи дека оваа иницијатива односно овој начин  на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи, како што рече, и воедно повикувањето на бојкот на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.

– Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата, изјави на денешнта прес-конференција пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега