Продолжува проширувањето на гасоводната мрежа во Струмица

За нови 1.850 метри се проширува секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа во Струмица, со кредит од Светската банка. Нова мрежа се гради на пет улици во градот и со нејзиното завршување вкупната должина на гасоводната мрежа во Струмица ќе изнезува околу 40 километри.

Според директорот на ЈПЕД „Струмица-Гас“, Благој Милановиќ, поднесено е и дополнително барање за нови илјада метри, кои претходно биле предвидени за една позиција, но сега треба да се пренаменат за друга.

– Досега од средствата од кредитот се изградени 5,1 километри секундарна гасоводна мрежа и сега чекаме одобрување за уште за еден километар, бидејќи заради повеќе нерешени прашања, како што се имотни-правни односи, побаравме преостанатите средства да ги пренамениме за друг проект. Со ова проширување создаваме услови за зголемување на бројот на корисниците, информира Милановиќ.

Тој додава дека од почетокот на грејната сезона снабдувањето со гас на сите корисници се одвива нормално, а намалено е само снабдувањето на училиштата кои не работат со полн капацитет заради пандемијата.

Пред две години јавното претпријатие доби кредит во износ од 26 милиони денари од Светска банка за проширување на секундарната дистрибутивна мрежа. Кредитот ќе се враќа за период од 13 години, од кои три се грејс период.

Инаку, за приклучок на гасоводот граѓаните плаќаат 600 евра во денарска противредност, од кои 100 евра субвенционира општината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега