Продолжува потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро

Рано изутрина продолжи потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро.

Потрагата вчера околу 18 часот беше прекината поради лошите временски услови.

Вчера околу 14 часот во потрагата се придружија и припадници на специјалната единица на МВР, Тигрите со опрема за нуркање. Нивната двочасовна потрага заврши без успех.

Проблем за трагачите е што поради повлеченото Преспанско езеро, во водата има многу треви кои оневозможуваат да се најде телото.

Во неделата во 18:18 часот во полиција од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека исчезнато е дете во водите на езерото на плажата во Претор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега