Продолжена забраната: Нема влез за македонски граѓани во Грција до 15 август

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со  Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега