Продолжен зимскиот распуст за учениците

Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.

-Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период, соопшти прес-слуѓбата на Владата.

Во овој период Владата, пред сé Министерствтото за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука, ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

Владата претходно соопшти серија мерки  поради алармантното загадување на воздухот, со кои ги задолжи надлежните министерства. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега