Продолжен рокот за аплицирање на земјоделците за субвенции од државата
Владата на денешната седница донесе измени и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година со цел со мерките за поддршка да бидат опфатени и откупувачите на јаболко.
Како што соопшти владината прес-служба, дополнително, со измените и дополнувањата се продолжува рокот за аплицирање за овие мерки за поддршка до 30 јуни 2022 година, со цел сите земјоделци да го остварат правото на субвенции и да добијат поддршка од државата за производство на храна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа