Продолжен работниот век: И мажите и жените во пензија ќе одат на овие години

Хрватска со закон ќе го продолжи работниот век и за мажите и за жените, кои во пензија ќе одат кога ќе наполнат 67 години, а ќе иде скратена и листата на професии со бенефициран работен стаж.

Овие измени треба да стапат на сила во 2038 година, но Европската комисија бара изедначувањето да се воведе во 2030 година.

Хрватската Влада во овој пакет измени ќе ја предложи 2033 година како рок кога мажите и жените во таа земја  ќе аминуваат во шензија на 67 навршени години. Сега ситуацијата е таква што мажите одат во пензија на 65 години, додека жените од оваа година ќе се пензионираат на 62 години.

Владата има план да ги зголеми пензиите за тие да изнесуваат најмалку 60% од просечната плата за работници со 40 години стаж, а не помалку, како што е случај досега.

За такво нешто, истакнуваат економистите, мора да се зголеми и вработеноста.

 

 

 

13.03.2018 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа