Продавач на кроасани сведок на стравичниот напад во Ница: Еден човек ми кажа дека е озбеглавена жена, уште се тресам од шок

Еден продавач на кроасани бил сведок на стравичниот напад во катедралата Нотр Дам во Ница, кога терорист, кој викал „алаху акбар“, убил три лица.

Продавачот Давид, чија продавница се наоѓа на истата улица како и црквата, повикал полиција кога му пришол видно потресен маж велејќи дека во катедралата била обезглавена жена.

„Продавав кроасани кога видов човек кој му рече: „Господине, во катедралата е обезглавена жена“. Во почетокот не му верував, но потоа повторно ми го кажа истото. Отидов до катедралата, ја видов локалната полиција и ја повикав, Полицајците веднаш дојдоа“, раскажал тој.

Се вратил во ресторанот и ја спуштил заштитната ограда.

„Мажот кој влезе во ресторанот бил и во катедралата и беше многу шокиран. Шокиран сум. Уште се тресам“, раскажал тој.

Да потсетиме, терористот убил две жени и маж. Како што наведуваат француските медиуми напаѓачот влегол во црквата и заклал една верничка. Потоа прободел и маж вработен во црквата, а жена која се обидела да се спаси бегајќи била заклана среде улица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега