Пробиштип од био отпад ќе прави електрична енергија

 

Со 17 милиони денари, средства од ИПА програмата за прекугранична соработка, Пробиштип ќе реализра проект за управување со биоотпад. Со тоа Општината ќе биде прва во земјава и регионот која ќе селектира био отпад за компостирање и Општина пионер за системот на плаќање на комуналните сметките по принципот „Секој плаќа колку што фрла“, објави Сител.

- Се реализациј на овој проект, Општината ќе добие две големи компостери за биоотпад, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје и населбата Калниште. -изјави Драган Анастасов, градоначаланик на Пробиштип

За зголемување на капациетот на преносната мрежа во источнито регион, а особено значајно подобрување на условите за снабдување со електрична енергија на Пробиштип и Злетово, со МЕПСО е договорена замена на стариот далековод.

- По повеќе неделни лобирања и преговори договорено е МЕПСО да инвестира 2.450.000 евра во изградба на нов 110 киловолтен далековод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. –додаде Анастасов

Стариот далековод е во функција повеќе од 45 години.

 

 

 

19.03.2018 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа