Приведено 17-годишно момче поради тешка кражба

Службен разговор со 17-годишник од Скопје во присуство на родител и адвокат бил извршен денеска во полициска станица во СВР Скопје.

Тој се сомничи дека на 22.09.2022 извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, при што од малолетник одзел мобилен телефон, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител и по негово документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

27.09.2022 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега